Макрон ја повика Франција да се подготви за исклучување на рускиот гас со заштеда на енергија.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги повика владата и граѓаните да се подготват за целосно прекинување на испораките на руски природен гас, ограничувајќи ја употребата на енергија секогаш кога е можно.
“Треба да се подготвиме за сценарио каде ќе треба да останеме без руски гас“, рече тој, говорејќи во телевизиско интервју по повод Денот на Бастилја.
“Летото и раната есен ќе биде многу тешко“, предупреди францускиот претседател, мислејќи на вртоглаво зголемување на трошоците за енергија.
Тој и нареди на владата да подготви “план за стабилност“ за заштеда на енергија, кој ќе започне со исклучување на јавните светла во текот на ноќта кога тие не се во употреба.
Франција ќе продолжи да работи на диверзификација на изворите на гас, рече Макрон, повикувајќи на брзо поместување кон крајбрежните ветерници како и поголема европска погранична енергетска соработка како би се надминала сегашната криза.
Пронајдете не на следниве мрежи:


