Германски пратеник: Со испраќање оружје во Киев, Западот ја ризикува третата светска војна

Западот ризикува да го претвори конфликтот во Украина во трета светска војна со зголемување на испораката на оружје за Киев, изјави германската пратеничка Севим Даделен за кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Германски пратеник: Со испраќање оружје во Киев, Западот ја ризикува третата светска војна

„Зголемената испорака на тешко оружје за Украина, како и обуката на украинските војници, го зголемуваат ризикот конфликтот да се претвори во трета светска војна“, рече Даделена, член на германската левица.

Според неа, загриженоста ја делат две третини од Германците.

Таа посочи дека Германија „воопшто не е изолирана кога станува збор за ова прашање“.

Даделенова истакна дека САД и Велика Британија се потпираат на „војување на далечина“ и се надеваат дека ќе ја истрошат Русија.

„Целта е долгорочно да се ослабне Русија, а за да се постигне тоа, Западот е подготвен да прифати смрт на неколку десетици илјади луѓе и неограничено страдање, како и уништување на Украина“, рече Даделена.

Пратеник во германскиот парламент предупреди дека глобалните последици ќе бидат полоши колку подолго трае конфликтот во Украина, пренесе ТАСС.

„Потребни ни се сериозни дипломатски напори насочени кон изнаоѓање решение преку преговори“, додаде таа.

Пронајдете не на следниве мрежи: