“Уникатни можности за доживување на соработка” – Младинска размена помеѓу Северна Македонија и Грција во Валандово

Во периодот од 29ри август до 4ти Септември, 2022 во Валандово се одржува младинска
размена “Уникатни можности за доживување на соработка” каде главна цел е да ги истакне
културните аспекти на билатералната соработка помеѓу младите луѓе особено вклучувајќи го
локалниот контекст. Токму важноста на вклучувањето на младите во процесот на помирување
беше поттик за развој на идејата да се изгради механизам за зближување на младите од двете
земји и давање единствена можност за соработка и запознавање.

Во текот на младинската размена 26 млади луѓе од двете соседни држави ќе имаат шанса да
доживеат уникатни и незаборавни искуства со акцент на добро-соседската соработка. Важно е
да се истакне дека младите луѓе разгедувајќи различни традиции и култури, разбирајќи ги
културолошките сличности и разлики, дискутирајќи ја литературата и уметноста на двете
држави очекуваме да се постигне силна кохезија во групата млади луѓе. Младинската размена
се имплементира со финансиска подршка Националната Агенција за европски образовни
програми и мобилност и поддршка на Општина Валандово.

Очекуваме оваа младинска размена да ја зајакне резилиентноста на добрососедската соработка
на овие две држави бидејќи денес младите се идните носители на одлуки во своите држави и
истите се клучни за развојот на соработката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.