Според СЗО, бројот на смртни случаи поради Ковид-19 минатата недела бил најмал од март 2020 година.

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на коронавирус.
Тој ги повика земјите да ја продолжат борбата против вирусот, од чии последици досега загинаа повеќе од шест милиони луѓе, пренесува Ројтерс.
- Се уште не сме таму, но крајот се гледа – рече Тердос за време на виртуелна прес-конференција.
Според СЗО, бројот на смртни случаи поради Ковид-19 минатата недела бил најмал од март 2020 година.
Се намалува и бројот на случаи на мајмунски сипаници, но Тедрос ги повика земјите да ја продолжат борбата.
Гебрејесус рече дека, како и со коронавирусот, сега не е време за опуштање.
Пронајдете не на следниве мрежи:


