Илјадници луѓе се собраа вчера во Брисел по повод „националниот ден на акција“ и протестираа против високите цени на струјата, гасот и храната во Белгија.

Синдикатите и полицијата соопштија дека учествувале околу 10.000 луѓе, а во прекин е сообраќајот и јавниот превоз.
Граѓаните дојдоа од целата земја и маршираа со транспаренти „Животот е прескап, сакаме решенија сега“ и „Сè расте освен нашите плати“. На еден транспарент пишуваше: „Замрзнете ги цените, а не луѓето“.
Според истражувањето спроведено од една белгиска медиумска компанија, 64 отсто од граѓаните се загрижени дека нема да можат да ги платат сметките за струја и гас, кои во изминатата година се зголемени за повеќе од двојно.


