Зеленски: Откривме уште две масовни гробници во Изум

Киев – Украина откри уште две масовни гробници со тела на стотици луѓе во североисточниот град Изум, кој Киев го презеде од Русија овој месец, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски: Откривме уште две масовни гробници во Изум

Во интервју за Си-Би-Ес, украинскиот лидер повика на континуиран притисок на санкциите врз Русија, објави Ројтерс.

Руските власти се уште не го коментирале последното тврдење на Зеленски за откривање на уште две масовни гробници.

„Денеска добив повеќе информации. Пронајдоа уште две масовни гробници, големи гробници со стотици луѓе. Станува збор за малиот град Изум“, рече Зеленски.

Тој изјави дека санкциите треба да продолжат, како и дека покрај политичкото ќе имаат и финансиско влијание.

Пронајдете не на следниве мрежи: