Руските сили повторно ја нападнаа Одеса со беспилотни летала.

Еден од нив бил соборен од противвоздушна одбрана, а двајца погодиле воен инфраструктурен објект, соопшти денеска шефот на регионалната воена управа Сергиј Братчук.
Тој изјави дека населението е евакуирано поради пожарот и детонацијата на муниција, пренесува Интерфакс Украина.
Според првите информации нема повредени.
Пожарот се гаси.
Во нападот со беспилотни летала на Одеса на 23 септември, две лица загинаа, а две беа повредени, соопштија тогаш регионалните власти.
Пронајдете не на следниве мрежи:



