Главниот уредник на Ројтерс Алесандра Галони денеска го интервјуираше генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Еден од заклучоците е дека НАТО ќе го зголеми производството на оружје и муниција, а тоа го истакна Столтенберг во интервјуто.

Тој ја коментираше одлуката на Путин за делумна мобилизација и посочи дека тоа е опасна нуклеарна реторика. Како што рече, Путин погрешно ја процени ситуацијата во Украина и направи голема грешка.
Тој (Путин) многу добро знае дека не треба да се води нуклеарна војна и дека не може да се добие. Тоа би имало невидени последици за Русија. НАТО го зголеми своето воено присуство на источното крило, за да ги отстрани сите шанси за грешка или недоразбирање во Москва.
„Што би направил НАТО доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина“
Ќе се погрижиме да нема недоразбирања со Москва за тоа како НАТО ќе реагира во однос на тоа каков вид оружје ќе користи. Најважно е тоа да не се случи и затоа сме во комуникација со Москва за тоа дека Русија не може да победи во нуклеарна војна.
Пронајдете не на следниве мрежи:



