Јапонскиот министер за одбрана Хамада Јасуказу, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и заменик-премиерот и министер за одбрана на Австралија Ричард Марлс ги осудија активностите на Кина за време на вежбите во август во близина на Тајван, во кои лансирани балистички ракети паднаа во ексклузивната економска зона на Јапонија, соопшти денеска Јапонија.
Министрите ја потврдија намерата на Јапонија, САД и Австралија „да ги прошират и зајакнат обуките и активностите, како и да промовираат одбранбена опрема и технолошка соработка“.

Министрите ја повторија важноста на мирот и стабилноста преку Тајванскиот теснец и ја споделија загриженоста за ситуацијата во Источното и Јужното Кинеско Море и го потврдија своето противење на какви било унилатерални обиди за промена на статус кво со сила или какви било унилатерални дејства што се обидуваат да го зголемат тензии во регионот – се наведува во соопштението по повод средбата одржана во саботата на Хаваи,
Министрите ја потврдија намерата на Јапонија, САД и Австралија „да ги прошират и зајакнат обуките и активностите, како и да промовираат одбранбена опрема и технолошка соработка“.
Хамада, Остин и Марлс се согласија дека треба да ги координираат стратегиите на трите земји за продолжување на блиската соработка со цел да се постигне слободен и отворен Индо-Пацифик.
Пронајдете не на следниве мрежи:


