ЧЕТВРТ ДЕН ПРОДОЛЖУВА НАПАДОТ НА УКРАИНА: Утрото започна со камикази дронови

Рускиот ракетен напад врз Украина продолжи и денеска, на 231-от ден од војната. Во осум региони е прогласена опасност од воздух. Во тек е третиот ден од ракетните напади врз критичната инфраструктура на Украина.

Во Никопол се оштетени 30 инфраструктурни објекти.

Во Никопол повеќе од 30 високи згради, гасоводи и далноводи беа оштетени од руски ноќни ракети. Направена е голема материјална штета на инфраструктурни објекти. Цел на ноќниот напад беше и Киев

Експлозии одекнаа во регионот на Киев и во Миколаев.

Беспилотни летала камикази Geran-2 повторно ја нападнаа инфраструктурата на Украина. Во населбата Макаров каде што удри дронот има силен пожар кој се уште се обидуваат да го изгаснат. Нападот се случил во Николаев. Беспилотни летала камикази беа забележани и во Одеса.

Пронајдете не на следниве мрежи: