Александра Пилева растури со македонски рок во Чикаго

Македонската пејачка Александра Пилева имала одличен настап на Македонска конвенција во Чикаго. Македонци од Америка и Канада, собрани на едно место каде имале прилика да играат, да се забавуваат, запознаваат меѓусебе и да уживаат.

Александра Пилева растури со македонски рок во Чикаго

Пилева имала светски настап, модерен, а освен што пеела свои песни, таа цела сала на нозе ја крена кога ја запеа безвременскиата „Сите мои слики“ од Ареа. Дури и Ружица Брчиовска коментираше дека само Пилева може толку моќно да ја отпее нејзината песна. Тука беше и Влатко Лозановски, кој неодамна отпатува на прва Американска турнеја.

Александра Пилева-Чадиев долги години беше дел од македонска музичка сцена. Кариерaта ја започна откако тогаш „М2 Потрaга по ѕвезди“ ја откри на музичката сцена. Таа победи на Макфест со песната  „Нема утеха“, која и денес важи за една од најубавите македонски песни. Се омажи со одбојкарскиот тренер Зоран Чадиев, а  по раѓањето на синот синот Лука заминаа во Чикаго каде живеат веќе девет години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.