Тајван нема да се откаже од својот суверенитет

Тајван нема да се откаже од својот суверенитет и нема да прави компромиси за прашањата на слободата и демократијата, јавија британските медиуми, повикувајќи се на денешното соопштение на тајванското претседателство.

Тајван нема да се откаже од својот суверенитет

„Народот на Тајван решително се спротивставува на идејата на Пекинг за спроведување на концептот „една земја, два системи” за Тајван”, се додава во соопштението.

Претседателството на Тајван експресно го лиферуваше соопштението откако кинескиот претседател Си Џинпинг утринава, во говорот на отворањето на Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина, кажа дека кинескиот народ е тој што треба да одлучи за тајванското прашање и дека Кина никогаш нема да се откаже од своето право да прибегне и кон употреба на сила за решавање на ова прашање.

„Одржувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот е заедничка одговорност на двете страни, а средбата на бојното поле не е опција”, се нагласува во соопштението на тајванското прфетседателство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.