Скандалозен инцидент и досега невиден преседан се случи на денешната вонредна седница на Советот на Градот Скопје, каде претседавачот со Советот, Трајко Славевски физички ѝ го одзема микрофонот на градоначалничката Данела Арсовска.
БРУКА.
Беше министер за финансии, па пропадна во земја. Груевки го смени како релативно неспособен во овласта на финансиите. Шансата да се рехабилита ја доби со Мицковски и немилосрдно ја користи. Наместо да предава на факс и пишува книги тој се занимава со простаклук и се сили на првата градска дама како да излегол од пештера…

Инцидентот се случи кога градоначалничката објаснуваше дека копчето со кое претседавачот со Советот можеше да прекине говор на говорник на говорницата е отстрането поради неговото самоволие и дозволување на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат и навредуваат, а претседавачот се дрзнува да одземе право на говор на градоначалникот, кое како што објасни Арсовска е неприкосновено.
Денешната седница во Советот на Градот Скопје се одвива во тензична атмосфера и лични препукувања наместо, како што во неколку наврати нагласи градоначалничката Арсовска, да се гласа за помагање на ЈСП.
Пронајдете не на следниве мрежи:



