САД се посветени на продолжување на соработката со сојузниците и партнерите за да се спречи испораката на ирански беспилотни летала во Русија и нема да се двоумиме да употребиме санкции и други соодветни средства против оние кои се вклучени во тие набавки, соопшти Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во изјавата рече дека САД, Велика Британија и Франција на состанокот на Советот за безбедност на ОН изразиле сериозна загриженост за Русија набавка на беспилотни летала од Иран.
„Сега имаме многу докази дека овие беспилотни летала се користат во напади против украински цивили и важна цивилна инфраструктура (во Украина)“, рече Прајс.
„Додека Иран продолжува да лаже и негира дека ја снабдува Русија со оружје што се користи во Украина, ние сме посветени да работиме со сојузниците и партнерите за да спречиме трансфер на опасно оружје во Русија. Нема да се двоумиме да употребиме санкции и други соодветни средства против секој кој е вклучен во тие набавки“, објави портпаролот на Стејт департментот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



