Авион со француски министер во него избегна пад во последен момент

Авионот во кој се наоѓаше француската министерка за територијална кохезија Каролин Каје избегна да падне во последен момент и слета надвор од пистата, јавува Anadolu Agency (AA).

Авионот на компанијата Флај Амелија, во кој имало 39 лица, меѓу кои и министерката Каје, синоќа бил зафатен од невреме додека требало да слета на аеродромот Орли во главниот град на Париз, објави „Фигаро“.

Пилотот накратко изгубил контрола над леталото зафатено во турбуленции и тешко слетал надвор од пистата на зелена површина. Наведено е дека авионот во последен момент избегнал да падне на земја поради силно невреме.

Министерката Каје во изјава на својот Твитер наведе дека авионот кој излетал од пистата при слетување од Родез предизвикал страв и дека нема повредени. Таа се заблагодари за пораките за поддршка.

Обвинителството покрена истрага во врска со случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.