Ердоган: Турција ќе го блокира членството на Шведска во НАТО додека терористите што ги бара не и бидат екстрадирани

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека додека Шведска не ги екстрадира осомничените за тероризам во Анкара, Турција нема да го одобри нејзиното членство во НАТО.

Ердоган: Турција ќе го блокира членството на Шведска во НАТО додека терористите што ги бара не и бидат екстрадирани

Новиот шведски премиер Улф Кристерсон побарал средба во врска со ова прашање и средбата би можела да се одржи во Турција, изјави Ердоган на новинарите кои го придружуваа на враќање од посетата на Азербејџан, објави Дејли Сабах.

Ердоган рече дека борбата на Турција против тероризмот е бескомпромисна и нема да прави отстапки.

Шведска ќе ги удвои своите напори за спроведување на трилатералниот договор потпишан со Турција за екстрадиција на терористите, рече Кристерсон во четвртокот.

Шведска и Финска, за да станат полноправни членки на НАТО, нивното барање за прием мора да биде ратификувано од парламентите на 30-те земји членки на Алијансата.

Досега тоа го направиле 28 земји-членки, освен Турција и Унгарија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.