Прорускиот гувернер на Крим, Михаил Развозаев, вечерва изјави дека беспилотни летала го напаѓаат градот Севастопол на Крим, а противвоздушната одбрана веќе соборила два летала.
Нашата противвоздушна одбрана работи токму сега. Во тек е напад со дрон. Според првичните информации, веќе се соборени два дрона. Сите сили и служби се во готовност – напиша Развозаев на Телеграм, пренесе агенцијата ТАСС.

Тој додаде дека цивилните згради не се оштетени и ги повика жителите да останат смирени.


