Судири избувнаа во Брисел по победата на Мароко над Белгија на Светското првенство, при што „десетици луѓе“ нападнале полициски службеници, соопшти полицијата, a пренесе „Индекс“.
Уште пред крајот на натпреварот, „десетици лица, од кои некои маскирани, предизвикале конфликт со полициските сили во центарот на градот, со што ја загрозиле јавната безбедност“, се вели во соопштението на полицијата.
Од полицијата велат дека толпата употребувала пиротехнички средства и палки, фрлала камења по полицајци и запалила семафор, а избувнал и пожар на една улица.
„Еден новинар бил погоден со пиротехничко средство по лицето“, извести полицијата, која потоа решила да интервенира со водени топови и солзавец.
Во интервенцијата учествувале стотина полицајци, додека незадоволните лица ги гаѓале со камења.
Полициските сили ги повикаа жителите и навивачите да избегнуваат некои населби во центарот на градот. Станиците на метрото беа затворени, а улиците беа блокирани за да се спречат собири.
Пронајдете не на следниве мрежи: