Русија и Украина: Експлозии на два руски воени аеродроми, јавуваат московските државни медиуми

Неколку лица загинаа во експлозии на два руски воени аеродроми, јавуваат медиумите.

Три лица загинаа, а шест се повредени при експлозија на цистерна со гориво на аеродром во близина на градот Рјазан, југоисточно од Москва, јавија руските државни медиуми.

Русија и Украина: Експлозии на два руски воени аеродроми, јавуваат московските државни медиуми

Уште две лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Саратовската област.

Причините за експлозиите се непознати, а двата аеродрома се стотина километри оддалечени од украинската граница.

Се верува дека руските стратешки бомбардери со долг дострел се стационирани во воздухопловната база Енгелс во регионот Саравак.

Регионалниот гувернер на Саратов рече дека безбедносните сили ги проверуваат, како што рече, „информациите за инцидентот“.

Извештаите за експлозии на две различни воени локации ќе ги поттикнат шпекулациите дека Украина можеби стои зад нив, вели уредникот на Би-Би-Си Москва Стивен Розенберг.

Пронајдете не на следниве мрежи: