На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа принудното слетување на авион за кој се тврди дека е СУ-25 на руските воздухопловни сили.
Според објавата, авионот морал итно да слета или поради борбена штета или поради некаква неисправност.
На видеото се гледа како авионот слетува на бетонската писта, додека зад него пожар и искри, предизвикани од триењето меѓу металната површина на авионот и бетонот.
Во коментарите на ова видео се наведува дека авионот слетал на пистата, а не на некоја земјена површина, бидејќи слетувањето на ливада или слична површина всушност може да предизвика многу поголема штета.
Засега не е позната причината за ова слетување, но сигурно е дека овој авион нема да може така лесно да се поправи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.