ЕРДОГАН: Се обидоа да нѐ истиснат од новиот светски поредок

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во изминатиот период имало обиди за исклучување на Турција од глобалниот поредок.

Ердоган посочи дека е јасна целта на стапиците кои со векови и се поставуваат на Турција, а целта била да се исклучи Анкара од светскиот политички и економски поредок.

Турција постигна голем напредок во последните 20 години, а целта е да стане една од десетте најсилни земји во светот, рече Ердоган на свеченото отворање на неколку инфраструктурни проекти во турскиот град Самсун.

„Во секоја криза се потпиравме на сопствените сили и уште повеќе го користевме нашиот потенцијал“, рече Ердоган на отворањето на државната болница, патот и кампусот во Самсун, јави Анадолија.

Пронајдете не на следниве мрежи: