недела, 15 ноември 2026
Најново

Вучиќ до Србите на Косово: Нема предавање се додека не се формира ЗСО!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Работите на север од нас се комплицираат се повеќе секој нареден ден. 
 
– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им порача на Србите на Косово дека „повторно се принудени да ги бранат своите огништа на барикадите“ и дека „нема предавање и нема да има”.

– Пораката до сите останати е да се формира ЗСО, да се почитуваат правата и слободите на Србите и Србија и да се однесуваат во согласност со потпишаните договори и меѓународното право, бидејќи само така ќе почнеме да ги нормализираме односите и животите на сите нас, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ до Србите на Косово: Нема предавање се додека не се формира ЗСО!

Тој додаде дека „продолжува борбата со сите правни средства за мир, за подобар живот и иднина на нашите деца“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Србија ќе победи, порача претседателот на Србија.

Борел жестоко кон Србите: Нема да толерираме напади врз ЕУЛЕКС, веднаш да се отстранат барикадите!

Вчера Србите поставија барикади на северот на Косово во знак на протест против апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ.

И денеска северот е блокиран и од граѓаните и од полицијата. На премините Јариње и Брњак не може да се помине ниту пеш, ниту со автомобил.

Ана Марија Ивковиќ, новинарка од Косовска Митровица за Н1 изјави дека ноќта поминала мирно на барикадите и дека се чека да се види каква ќе биде ситуацијата.

Поврзани вести