четврток, 12 ноември 2026
Најново

Мировните преговори не смеат да бидат параван за руското вооружување

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Какви било мировни преговори во Украина не смеат да бидат параван за руското повторно вооружување, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, додавајќи дека не гледа индикации дека Москва ќе влезе во разговорите со добра волја.

Клеверли повтори дека Украина треба да постави услови за можни мировни преговори, иако Британија би сакала тие да се реализираат „порано отколку подоцна“.

„Какви било преговори треба да бидат реални, тие мора да бидат значајни, не можат да бидат само смоквин лист за руското повторно вооружување и понатамошно регрутирање“, изјави Клеверли за Скај њус.

„Не гледам ништо што доаѓа од руска страна што би ме убедило дека (рускиот претседател) Владимир Путин добронамерно влегува во овие преговори. Пошироката реторика и натаму е многу воинствена“, додаде Клеверли.

МИА

– Реклама –








Поврзани вести