Постигнат договор за формирање влада на Данска

Вршителот на должност премиерка на Данска, Мете Фредриксен, денеска изјави дека е постигнат договор за формирање влада предводена од центарот по 42-дневни преговори што следеа по општите избори на 1 ноември.

Фредриксен рече дека владејачката коалиција ќе ги вклучи нејзината Социјалдемократска партија, Либералната партија и новоформираната Умерена партија на поранешниот дански премиер Ларс Лек Расмусен. Коалицијата ќе биде претставена подоцна оваа недела.

Детали за распределбата на министерските места ќе бидат објавени в четврток, а договорот на партиите во владата ќе биде објавен денеска.

– Фактот што различни партии се здружуваат во владата не значи дека се согласуваме за сè, но сега избираме да влеземе во заедница во која ќе работиме меѓу себе бидејќи тоа е најважното нешто за нашата земја, рече Фредриксен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.