сабота, 14 ноември 2026
Најново

Курти: Косово за девет години ќе стане членка на ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Прага ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Европската унија и изрази надеж дека за девет години државата ќе влезе во ЕУ.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Сакаме да се доближиме до членството преку трансформација со постигнување напредок во економијата и сите потребни реформи“, изјави Курти на прес-конференција со чешкиот министер за европски прашања, Микулаш Бек.

Курти рече дека Косово аплицира за членство „решено да ги сподели европските вредности како што се слободата, демократијата, човековите права и владеењето на правото“.

„Просечното чекање беше девет години. Реално е Косово да го достигне тој просек“, рече Курти.

Чешкиот министер Бек рече дека барањето на Косово за членство исполнува еден од приоритетите на чешката надворешна и европска политика за проширување на ЕУ во земјите од Западен Балкан.

Поврзани вести