Грковска – Холштајн: Германија останува силен поддржувач на Северна Македонија на патот кон остварување на европските цели

Заменичката на претседателот на Владата на Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска имаше проштална средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Анке Холштајн, соопштуваат од нејзиниот кабинет.

Грковска ѝ се заблагодарила на амбасадорката Холштајн за успешната соработка за време на нејзиниот мандат во Северна Македонија, како и за дадената поддршка на патот кон НАТО и Европската Унија.

-Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел за Република Северна Македонија. Имајќи го ова предвид, клучниот приоритет е реализација на ефикасни реформи кои ќе значат економска интеграција, консолидација на законодавството и институциите и владеење на правото. Северна Македонија останува на определбата да гради добрососедски односи и регионална соработка, истакнала Грковска.

Воедно, вицепремиерката Грковска на амбасадорката Холштајн ѝ посакала среќа во понатамошното работење во дипломатската кариера, уверена дека Германија ќе остане да биде силен поддржувач на земјава на патот кон Европската Унија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.