ООН: Опасен преседан преставува суспендирање профили на новинари на Твитер (не се огласија кога беше избришан ТРАМП)

Обединетите нации денеска оценија дека одлуката на „Твитер“ да суспендира профили на неколку новинари претставува „опасен преседан“, во време кога новинарите ширум светот се соочуваат со цензура, физички закани и уште полоши работи, изјави портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

Дижарик нагласи дека ОН се „многу вознемирени“ од „произволното суспендирање“ на новинарите од „Твитер“.

Тој порача дека гласот на медиумите не смее да се замолчува на платформа која тврди дека дава простор за слобода на говорот.„Твитер“ ги суспендираше профилите на неколку новинари од „Њујорк Тајмс“, „Вашингтон пост“, „Си-Ен-Ен“ и од други медиуми што неодамна критички пишуваа за неговиот нов сопственик Илон Маск.

Компанијата не објасни зошто ги отстранила профилите на новинарите и ги избришала нивните претходни објави.


Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.