Раста и Марија почнаа да живеат заедно! Aктерката се всели во станот на раперот

Раперот еднаш рече дека неговата ќерка има добри односи со неговата девојка.

Стефан Ѓуриќ Раста (33) почнал да живее со својата нова девојка Марија Балабан (21) која се вселила кај него.

Според тамошните медиуми, младата актерка неодамна се вселила во станот на раперот во Врачар, а пред два дена за првпат заедно се појавиле во јавноста.

Марија е првата девојка која Раста ја претстави во јавноста по разводот со Ана Николиќ. Двајцата се заедно повеќе од една година, а врската ја започнаа додека Ѓуриќ беше во домашен притвор.

Раста еднаш рече дека неговата ќерка има добри односи со неговата девојка:

– Одлично се согласуваат, тоа ми е важно бидејќи сам се грижам за детето и немам бебиситерка. Во ситуациите кога нр сум дома или пак работам, важно ми е Марија да е таму – изјави тогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.