Лепа Брена откри кој според неа бил најголем заводник во Југославија

Брена во шоуто „Ami G Show“ ја играше играта „Ili ili“ и мораше да избира меѓу најдобрите момци од поранешна Југославија. Ѝ беа понудени Владо Калембер и Жарко Лаушевиќ.

Одговорот на Брена несомнено беше Владо Калембер, за кого имаше пофални зборови.
„Отсекогаш ми изгледаше суптилен, префинет, мислам дека е голем миленик на жените, не знам дали е срцекршач. А сега изгледа добро, изгледа одлично“, рече таа.

Во вториот круг ѝ беа понудени Калембер и актерот Беким Фехмиу, но таа го избра актерот.
„Јао Беким Фехмиу. Тој е една комплексна личност. Беким отсекогаш го сакав и обожавав. Го гледав „Skupljači perja“, тоа е негово ремек дело. Затоа го бирам Беким во оваа комбинација“, рече таа.

Тогаш на екранот се појавија нови фотографии на кои беа понудени Драган Николиќ и Беким Фехмиу.
„Драган Николиќ засекогаш. Го познавав и работев со него и Милена. Ја набљудувам целата личност, никогаш не гледам на еден сегмент. Целосната личност е секогаш многу важна“, додаде таа.

Водителката потоа ѝ понуди фотографии од Драган Николиќ и Фране Ласиќ, а таа сепак гласаше за Николиќ. Последното коло беше меѓу Николиќ и Здравко Чолиќ.
„Го обожавам Здравко, но сепак останувам со Николиќ“, заклучи таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.