сабота, 14 ноември 2026
Најново

Додик: БиХ не добива ништо со кандидатскиот статус за членство во ЕУ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска оцени дека одлуката на лидерите на земјите од Европската Унија да и доделат кандидатски статус на Босна и Херцеговина за членство во ЕУ „не добива ништо затоа што истата приказна продолжува со зголемен притисок“ од Западот.

– Постојано ни велеа дека кога ќе дојдеме до кандидатски статус, ќе се реши прашањето за високиот претставник, странските судии во Уставниот суд на Босна и Херцеговина, но сè останува како механизам за притисок, рече Додик во гостувањето на белградската ТВ Прва.

Тој наведе дека со тоа се уриваат и европските стандарди бидејќи ЕУ „не прифаќа земји кои се во статус на протекторат“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Прашан за војната во Украина и односите со Русија, Додик рече дека не е корисно РС да се откаже од еден важен гарант на Дејтонскиот договор, потсетувајќи дека Москва е еден од нејзините гаранти.

– РС останува во добри односи со Русија и ќе продолжи да ги зајакнува, рече Додик и додаде дека не го интересира ако Западот ја гледа оваа намера како лоша.

– Мораме да останеме во контакт и со едните и со другите, потенцира претседателот на РС.

Поврзани вести