Англискиот селектор Герет Саутгејт донел одлука дека ќе остане селектор на Англија и дека ќе го води европскиот вицепрвак и во квалификациите за Еуро 2024 во Германија, во „групата на смртта“ во која е и Македонија, објавија англиски меидуми.
Саутгејт после елиминацијата во четвртфиналето на СП во Катар побара време за „да легнат работите и да размисли“, па медиумите најавуваа дека е многу поблизу да даде оставка, иако сите репрезентативци, јавноста, медиумите, а и во федерацијата сакаа да остане на кормилото колку што има договор до – континенталниот шампионат.