Откриено како Бензема го истерале од репрезентација

Се испостави дека повредата не била главната причина за отсуството на освојувачот на Златната топка, Карим Бензема, на Светското првенство во Катар.
Откриено како Бензема го истерале од репрезентација

Официјално, славниот Французин поради повреда не можеше да игра на Светското првенство, но на крајот се покажа дека тоа не е вистинската вистина и дека всушност неговите соиграчи побарале од селекторот да ја искористи повредата за да го отстрани од тимот.

Имено, повредата на Бензема не била од сериозна природа и не било потребно тој да го напушти репрезентативниот табор, но селекторот сепак му рекол дека мора да замине.

Поголемиот дел од играчите не го сакаа Бензема во тимот, па славниот ас практично беше избркан од Катар.

Докторот на репрезентацијата Франк Ле Гал добил задача да го извести Бензема за одлуката. Тој отишол со тренерот во собата на Бензема и му рекол:

„Жал ми е Карим, но мора да си одиш“.

На Бензема веднаш му било јасно за што се работи, но не сакал да прави сцени. Смирено ги спакувал работите и си заминал.

Докторот на францускиот тим призна дека бил задолжен само да ја соопшти одлуката што всушност ја донел селекторот на Франција, Дидие Дешамп.

Да потсетиме, освојувачот на Златната топка, Карим Бензема, во понеделникот објави дека никогаш повеќе нема да го облече дресот на француската репрезентација. Само три дена по финалето, ги отследи сите свои поранешни репрезентативни колеги од Инстаграм.

Исклучок се само пет играчи и тоа Килијан Мбапе, Рафаел Варан, Едуардо Камавинга, Маркус Тирам и Аурелиен Чуамени

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.