Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд по само 10 минути се запиша во листата на стрелци, откако ја затресе мрежата на Ливерпул за 1-0, но гостите се вратија во игра преку Карваљо (1-1).
Манчестер сити ја имаше контролата врз мечот и на стартот на вториот дел повторно поведе преку Марез, но радоста траеше само една минута бидејќи Салах веднаш ја врати неизвесноста (2-2).
„Граѓаните“ продолжија со притисокот кон голот на Келехар, а лошата одбрана му дозволи на Аке да го пронајде патот до мрежата на Ливерпул за победа од 3-2.