Од главен играч во Ливерпул, до резерва во Астон Вила

Филипе Кутињо би можел да ја напушти Астон Вила на почетокот од следната година, Коринтијанс пројавува интерес и сака да го врати плејмејкерот во Бразил.

Филипе Кутињо беше главен играч во Ливерпул, но неговата кариера тргна во надолна линија откако Барселона силно притисна и плати 120 + 40 милиони евра за неговите услуги во јануари 2018.

Бразилецот никогаш не се наметна на Камп Ноу, а имаше и неуспешна кратка авантура во Баерн Минхен.

Вториот дел од сезоната 2021/22 го помина на позајмица во Астон Вила, каде на момент потсети на старата добра форма, и си обезбеди перманентен трансфер на „Вила Парк“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.