Во ресторан, пред јадењето да биде послужено, готвачите честопати ставаат парче магдонос на врвот од оброкот, како декорација. Од каде потекнува овој обичај?
Освежувањето на здивот со грицкање свеж магдонос датира од времето на Старите Римјани. Тоа е, веројатно, една од причините поради којашто настанал овој обичај ширум светот.
Друга причина е украсување на јадењето, што наводно потекнува од древните месарници каде што се ставало магдонос околу свежото, но и печеното месо, за храната да им биде попривлечна на купувачите. До 1915 година, магдоносот се ставал на чиниите во речиси секој ресторан.
Третата причина поради која магдоносот се наоѓа на послужениот оброк е да се подобри вкусот на храната, но во овој случај тој најчесто се сечка и се посипува.
Зошто магдоносот е добар за здивот?
Бактериите во устата почнуваат да се развиваат по јадење, а тоа е директна причина за лошиот здив. Магдоносот содржи високо ниво на хлорофил, којшто го уништува вишокот бактерии.
Магдоносот е особено добар за џвакање по јадења со лук или со кромид. Покрај магдоносот, помагаат и свежото нане, босилекот или рузмаринот.
Магодносот делува како антиоксиданс, помага кожата да изгледа помлада, го чисти телото од токсини, го раствора вишокот маснотии во телото, ги чисти бубрезите, има антивоспалително дејство, содржи витамин Ц,како и многу минерали и го зајакнува имунитетот.