Светското првенство во Катар заврши, Аргентина по 36 години стана светски првак, се урнаа еден куп рекорди, меѓу нив најмногу сруши МВП-то на турнирот Лионел Меси, а последниот турнир со 32 екипи го одбележа главниот рекорд – најмногу постигнати голови (172).
И на ова СП главна одлика беше пропаста на „тика-таката“, шпанскиот модел кој веќе не носи резултат и фактот дека најчесто победуваа селекциите со помал посед на топка. Но, освен оваа главна одлика о 22-от Мундијал, имаше уште пет трендови, кои можеби најавуваат нова етапа, (р)еволуција на фудбалот во иднина, посебно на Светските првенства
НАЈМНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА ВО ИСТОРИЈАТА