Откако беше објавено дека Бенфика одбила 100 милиони евра вредна понуда за најдобриот млад фудбалер на светот, Енцо Фернандез (Аргентина) од Ливерпул, вистинско англиско дерби сега се води за младиот фудбалер за врска, зашто подобра понуда дојде од Манчестер јунајтед.
Според најавите, Јунајтед понудил 120 милиони евра за Енцо, пари колку што бара Бенфика и колку што раководството на „орлите“ им најавило на великаните дека нема да седне на разговори. И сега се очекува од „Енфилд роуд“ да дојде нова понуда, можеби подобрена.
Ливерпул летоска го купи Дарвин Нуњез за 100 милиони евра сосе бонуси од Бенфика, па се надеваат дека може да најдат заеднички јазик повторно за џиновски трансфер и Јунајтед да го исфрлат од конкуренција.