ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ ГО СМЕНИЈА КУРСОТ: Се очекува вртоглав раст на цената на златото

Според Светскиот совет за злато, централните банки купиле 400 тони злато во третиот квартал од 2022 година.

Кон крајот на 2022 година, доаѓаат добри вести за сите оние кои инвестираат во злато .

Имено, цените на овој ултра вреден благороден метал би можеле да го достигнат нивото од 4.000 долари за унца во текот на 2023 година, бидејќи зголемувањето на каматните стапки и стравувањата од рецесија ги „држат“ нестабилни пазарите.

Ова го потврди управниот директор и главен директор за инвестиции на Swiss Asia Capital, Јуерг Кинер. Тој, исто така, додаде за CNBC дека цената на златото може да достигне меѓу 2.500 и 4.000 долари „во одреден момент“ следната година.

Значи, има добри шанси пазарот на злато да доживее значителна промена , но како што вели Кинер, тоа „нема да биде скок од само 10% или 20%, туку потег што навистина ќе донесе нови врвови“.

Кинер објасни дека многу економии би можеле да се соочат со „мала рецесија“ во првиот квартал од следната година, што ќе предизвика многу централни банки да го забават темпото на зголемување на каматните стапки и да го направат златото веднаш попривлечно.

Овој експерт посебно нагласува дека златото е и единствениот имот што го поседува секоја централна банка.

Според Светскиот совет за злато, централните банки купиле 400 тони злато во третиот квартал од 2022 година, што е речиси двојно повеќе од претходниот рекорд од 241 тон во истиот период во 2018 година.

Потсетуваме дека во оваа прилика неодамна се огласи водечката инвестициска банка Голдман Сакс, која ги повикува луѓето да инвестираат во злато, вечното „безбедно засолниште“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.