Празничната трпеза не може да се замисли без чоколадо, овошје и вино. Затоа, денес ви предлагаме рецепт за чоколадни бомбици со вино кои не само што се вкусни туку се и брзи и лесни за подготовка.
Потребни состојки за чоколадни бомбици:
230 милилитри слатко или полусуво црвено вино
1 стапче цимет
150 грама суво грозје
220 грама темно чоколадо
120 милилитри шлаг
кокосово брашно
1 лажица мелени ореви (ореви, лешници…)
Начин на подготовка:Загрејте го виното и додадете ги сувото грозје и циметот и варете околу 5 минути.
На пареа растопете го чоколадото и павлаката, а потоа додадете го шлагот и варете со мешање 5 минути. Отстранете го стапчето цимет од виното.
Во садот со чоколадото додајте го виното со суво грозје, измешајте ги и додадете доволно јаткасти плодови за да добиете компактна смеса. Формирајте топчиња, наросете ги со кокос и оставете ги во фрижидер да отстојат неколку часа.