Управата на Челси денеска го потврди четвртото засилување во зимскиот преоден рок и тоа напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Давид Датро Фофана (20 години).
Станува збор за фудбалер на норвешки Молде, кој ќе им се приклучи на новиот соиграчи на почетокот од новата година. Сезонава на 24 средби на кои настапи постигна 15 голови со пет асистенции, а во 2022 година на 37 меча реализира 21 гол.
Фофана во медиумите е нарекуван новиот Дрогба, а пред да замине во Молде настапуваше за неколку локални екипи од БСК. Неговиот трансфер ќе ги чини „сините“ од Лондон околу 12 милиони евра.