Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ направи анкета меѓу своите корисници кое е најдоброто Светско првенство во 21-от век, па убедливо со 78 отсто од гласовите победи штотуку завршениот Мундијал во Катар.
Иако мнозинството од фудбалската јавност не беше највоодушевена од групната фаза и квалитетот на фудбалот, без оглед на историски рекордниот број на изненадувања, елиминациската разврска и посебно најдоброто финале во историјата на Светските првенства сериозно го смени впечатокот, а на крај СП 2022 постави рекорд со број на дадени голови (172) откако најголемиот фудбалски шампионат се игра во формат со 32 селекции.