Силен земјотрес го погоди филипинскиот остров Минданао

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 130 километри и на оддалеченост од 67 километри од градот Мати.

Засега нема податоци за повредени или причинета материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: