Бахреинскиот весник Ал Ватан пренесува, цитирајќи неименувани извори, дека учесниците на состанокот се согласиле дека курдските единици поврзани со Курдистанската работничка партија „се агенти на САД и Израел и претставуваат најголема закана за Сирија и Турција“.
Покрај тоа, тема на разговорот беше и спроведувањето на договорот за отворање на стратешкиот автопат М4, кој ги поврзува западните и источните региони на Сирија, пренесува новинската агенција ТАСС.