Вкусна новогодишна погача

Ќе биде кралица на трпезата, лесно се меси, мека е, а ќе биде најубавата погача што сте ја пробале.
Домашните погачи ја красат секоја трпеза, а како што наближува Нова година, израдувајте го вашето семејство со вистинска домашна погача.

Ако никогаш не сте замесиле тесто, тогаш започнете со овој рецепт, бидејќи можеби изгледа комплицирано, но е прилично едноставен. Тестото ќе испадне одлично, а на крајот посипете го со рендано сирење за најдобар можен вкус. И наредниот ден погачата ќе биде свежа, па можете да ја јадете и на 1 јануари.

Потребни состојки:
1 лажица путер
½ китка копар
480 гр брашно
400 мл млеко
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
½ лажичка сув квасец
2 лажици масло
За декорација:
сирење

Подготовка:
Загрејте го млекото, па истурете го во сад и додадете го квасецот, солта, сечканиот копар и шеќерот и убаво измешајте. Потоа додадете брашно и масло и замесете тесто. Покријте со проѕирна фолија и оставете на топло место половина час, за да нарасне. Тестото поделете го на два дела, обликувајте топчиња и малку притиснете со раце. Покријте и оставете уште 20 минути. Потоа премачкајте со растопен путер и ставете го на плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 25-30 минути. Ако двата дела не ви ги собира во рерната, печете едно по едно. На крајот посипете со рендано сирење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.