Идеални за празничната трпеза: Чоколадни бомбици со вино

Празничната трпеза не може да се замисли без чоколадо, овошје и вино. Затоа, денес ви предлагаме рецепт за чоколадни бомбици со вино кои не само што се вкусни туку се и брзи и лесни за подготовка.
Идеални за празничната трпеза: Чоколадни бомбици со вино

Потребни состојки за чоколадни бомбици:
230 милилитри слатко или полусуво црвено вино
1 стапче цимет
150 грама суво грозје
220 грама темно чоколадо
120 милилитри шлаг
кокосово брашно
1 лажица мелени ореви (ореви, лешници…)
Начин на подготовка:
1.Загрејте го виното и додадете ги сувото грозје и циметот и варете околу 5 минути.
2.На пареа растопете го чоколадото и павлаката, а потоа додадете го шлагот и варете со мешање 5 минути. Отстранете го стапчето цимет од виното.
3.Во садот со чоколадото додајте го виното со суво грозје, измешајте ги и додадете доволно јаткасти плодови за да добиете компактна смеса. Формирајте топчиња, наросете ги со кокос и оставете ги во фрижидер да отстојат неколку часа.

Совет: Ако смесата е премногу густа, можете да ја разредите со додавање топло вино или крем за готвење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.