Чорба од вргањ

Вргањот со причина го нарекуваат крал на печурките бидејќи е единствениот кој содржи молекула која се претвора во витамин Д, па затоа е добро да се јаде особено во зима, кога има недостаток на сончева светлина како природен извор на овој витамин.

Една од највкусните печурки е секако вргањот, кој расте во зимзелени и иглолисни шуми, на ридови и сончеви падини. Обично се бере од почетокот на летото до есента, но ако го замрзнете или исушите, можете да уживате и во текот на зимата.
Вргањот се карактеризира со густо, бело стебленце и полуокружно капаче со светло до темно кафена боја и се смета за многу квалитетна печурка, поради што добива висока цена на пазарот.

Покрај тоа што е исклучително вкусен, вргањот е богат со многу хранливи материи и има многу интересен нутритивен состав. Има мала содржина на масти и богат е со протеини, поради што содржи само 25 калории на 100 гр.
Покрај тоа, вргањот е богат со здрави минерали како железо и калиум и растителни влакна кои помагаат во одржувањето на здравјето на цревата. Друга предност на вргањот се антиоксидансите, кои во оваа печурка се наоѓаат во исто количество како и во, на пример, моркови или брокула, а познато е дека овие соединенија го забавуваат стареењето на телото.

Одлична замена за месото
Вргањот, како и другите печурки, се идеална замена за месото и затоа се препорачуваат, што ги прави добар избор за вегетаријанците и веганите, како и за сите оние кои сакаат да ја намалат консумацијата на месо. Така можете да ги подготвите на различни начини – со јајца, на скара, можете да ги додадете во сосови, да направите супа од нив и слично. Вргањот е богат и со тиамин, вид на витамин Б1 кој е важен за нормалното функционирање на нервниот систем, а содржи и витамин Ц.

Чорба од вргањ
Иако многумина најчесто го подготвуваат печен или во омлет, вргањот е одличен и во форма на чорба. За подготовка на чорбата можете да користите свежи или сушени вргањ печурки. Бидејќи сушењето резултира со развој на интензивни ароми, чорбата од сушен вргањ ќе има посилен вкус и мирис. Најдовме одличен рецепт за ова ароматично јадење во кое можете да уживате што почесто!

Состојки:
300 грама вргањ
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 зелена пиперка
2 домати
3 компири
2 лажици кисела павлака
1 јајце
мелен црвен пипер
1 гранче магдонос
масло, бибер, сол

Подготовка:
За почеток, исчистете ги, измијте ги и исечете ги печурките на тенки парчиња. На масло пржете го сечканиот кромид и издробениот лук, бибер и домати. Потоа додадете ги печурките и зачинете ги со сол, бибер и пипер и сè динстајте околу 10 минути.
Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и додајте ги во тенџерето. Сè прелијте со вода, покријте и варете на средна топлина додека компирот не омекне. Ова значи дека сè друго е исто така омекнато. Доколку е потребно, додадете малку топла вода во зеленчукот. Во готовата чорба измешајте ја павлаката со изматеното јајце, а при сервирање посипете ја чорбата со сечкан магдонос и послужете со пченкарен леб.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.