ПСЖ го продава Нејмар

Париз Сен Жермен на трансфер листата го стави бразилскиот фудбалер Нејмар, пренесува шпански Fichajes.

Челниците на парискиот клуб се незадоволни од односот на вложените пари во Нејмар и клупскиот успех и сакаат што побрзо да се ослободат од него, пренесува Fichajes.

Богатите арапски сопственици го направија Нејмар најскапиот фудбалер во историјата, а за возврат сепак не ја добија титулата европски првак.

30-годишниот Бразилец има договор до летото 2025 година со опција да се реши да остане уште една сезона со астрономска плата. Со оглед на тоа што неодамна и Мбапе доби нов договор со неверојатни финансиски услови, а парижаните сакаат да го задржат и Меси, дури и на богатите сопственици им е јасно дека трошењето пари за Нејмар е претерано.

Поради ова францускиот клуб ја спушти цената за Нејмар на само 50 милиони евра, што може да биде примамливо за богатите англиски клубови, а дали трансферот ќе се случи ќе видиме во зимскиот преоден рок.

Пронајдете не на следниве мрежи: