Работиме на прибирање информации за можното движење на избеганиот затвореник

Се работи на прибирање на информации и сознанија за можното движење на избеганиот затвореник Беким Мемети, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за ТВ 24.

„Сите служби работат да се добијат информации за движење на лицето, за да се обезбеди негово приведување. Не може да споделиме повеќе информации и покрај меѓународната потерница што е обврска во вакви случаи да се распише. На основа на добиени информации, се преземени мерки за заштита на одредени лица кои работеле на тој предмет за кое е осудено ова лице и низа на оперативни мерки на прибирање на податоци на други кирминалистички мерки, за дојдеме до информација каде се наоѓа лицето“, рече Спасовски, без да открива повеќе детали.

Како што рече тој, имало многу нелогичности и затоа имало истрага во однос за помош на бегството.

„Имаше многу нелогичности и затоа имаше истрага во однос за помош на бегството и изрековме мерки за претпазливост и притвори и заштита на четворица затворски полициски службеници кои сметаме дека се дел од проблемот“, рече Спасовски.

Затворската полиција, како што потенцира, е полиција што нема врска со МВР и со судската полиција.

„Не треба никој заради дневно-политички цели да ги злоупотребува. МВР не може да вработува во затворска полиција зошто тоа е надвор од МВР“, потенцираше Спасовски, додавајќи дека тие се под Министерството за правда.

Пронајдете не на следниве мрежи: