Кога ќе спомнеме чоколадно млеко, веднаш се сеќаваме на нашето детство. Затоа е време сега да направите домашно
СОСТОЈКИ:
30 гр чоколадо за готвење
лажица какао во прав
200 мл млеко
30 гр шеќер
прстофат сол
ПОДГОТОВКА:
Во мало тенџере се става искршената чоколада, па се додаваат какаото и 100 милилитри млеко. Варете на тивок оган додека да се растопи чоколадото.
Потоа истурете го остатокот од млекото, додадете прстофат сол и варете уште неколку минути додека мешате.
На крајот додадете шеќер, измешајте, изладете и послужете.