Девет месеци се чекаше судењето за прегазениот пешак, а денес се одложи поради неразумна причина: Адвокатот имал поважен случај!

Пред девет месеци кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје беше прегазен Слободан Ангеловски кој почина. Дури денес започна судењето против возачот Гордана Филиповиќ која го управуваше возилото „БМВ Х5“.

Сепак, судењето беше одложено поради сосема неразумна причина.
Имено, адвокатот на обвинетата не беше присутен бидејќи имал, како што кажа, поважно судење.
Иако со Филиповиќ беше дојден адвокат со полномошно кој со тоа може целосно да си го води случајот, тој побара одложување на судењето.

Судијката која го води случајот, Елена Илиевска Јосифовиќ, следното рочиште го закажа за 8-ми февруари во 11 часот. Притоа му посочи на адвокатот дека ова го дозволува само еднаш и дека на тоа рочиште мора да дојде подготвен адвокат, без разлика дали едниот има друго судење или како неговиот заменик, не е подготвен да ја брани клиентката.
Потсетуваме, Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која на 17-годишна возраст загина во сообраќајна несреќа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.